in

Нов рекорд на BITCOIN! 1 BTC = 35.000 американски долари!

Вредноста на биткоинот скокна на ново рекордно ниво денес, продолжувајќи го зголемувањето до незамисливи височини што беше предизвикано од лудоста на инвеститорите за криптовалути на крајот на минатата година.

Цената на биткоинот го надмина прагот од 35.000 американски долари при тргување во 2:11 часот по источно време, според Coin Metrics, пренесува CNBC.

Новиот рекорд доаѓа само неколку дена откако оваа дигитална валута падна за повеќе од 10 проценти на 29.316 долари.

Минатата година, цената на биткоинот скоро се зголеми тројно, достигнувајќи ниво над 29.000 американски долари.

Жолтиот благороден метал исто така забележа значителен раст во текот на 2020 година, со тоа што неговата цена на самото место се зголеми за околу 25 проценти.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote