in

Бившата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот донираше 2.7 милијарди долари за добротворни цели

Поранешната сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот соопшти дека ќе донира огромна сума за добротворни цели.

Филантропистот и бившата сопруга на сопственикот на Амазон откри дека 286 организации во САД ќе добијат финансиска помош. Таа ги соопшти организациите и причините зошто баш тие добиваат финансиска помош на социјалните мрежи.

Минатиот април, Мекензи донираше 8 милиони долари, без да добие никакви бенефиции, а сега се одлучи да направи огромна донација во вредност од 2.7 милијарди долари. Во декември 2020, таа донираше повеќе од 4 милијарди долари.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote