in ,

WTFWTF Што?Што?

Бизарен случај во Ирска: Донеле мртовец во пошта за да ја подигнат неговата пензија

Ирската полиција покрена истрага откако двајца мажи донеле мртовец во пошта, во обид да му ја подигнат пензијата, објавија ирските медиуми.

Овој бизарен случај е забележан во гратчето Карлоу, југозападно од Даблин, во петокот претпладне, кога едно од двајцата млади момчиња влегол во поштата за да ја подигне пензијата на друг човек.

Вработените во поштата го одбиле, велејќи му дека е потребно присуство на пензионерот, по што момчињата го донело телото на мртвиот маж во зградата.

Откако вработените се посомневале и ја алармирале полицијата, двајцата млади побегнале оставајќи го телото. Наводно го познавале починатиот маж. Ирската полиција го истражува овој случај и околностите на неговата смрт.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote