in

Бизарно: Готвач умре откако падна во голем казан полн со супа!

Бизарна смрт се случи откако готвач падна во казан полн со супа и се здоби со изгореници од трет степен на целото негово тело.

Минатиот месец, 25 годишниот Иса Исмаил подготвувал супа за една свадба во Ирак, но се случила трагедија. Човекот се лизнал и паднал во големиот казан во кој се готвела супата и се здобил со страшни изгореници.

Иса веднаш бил пренесен во локалната болница, но поради сериозноста на повредите починал само пет дена подоцна. Локалните медиуми открија дека Иса работел како готвач осум години и обично спремал храна за свадби и веселби. Тој заработувал околу 800 денари дневница за неговата работа.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote