in

СмешноСмешно

БИЗАРНО! Потрошиле 4,5 милијарди долари на тенкови кои не можат да пукаат при движење!

Иако мобилноста е клучна во современата доктрина на војување, Велика Британија потроши 4,5 милијарди долари за развој на нов вид лесни тенкови кои не можат да пукаат при движење.

Во извештајот на Times, блиндираното возило „Ајакс“ остави голем впечаток врз администрацијата на британскиот премиер Дејвид Камерон. Толку добар впечаток што тогашниот прв човек на Даунинг стрит 10 реши да нарача 589 примероци, откако го доби мислењето на воените водачи.

Од тогаш неколку пати се одложуваа роковите за испорака, а армијата сè уште чека на возила.

Times, сепак, открива дека се забележани технички проблеми со новите тенкови, вклучително и висок шум во возилото, но уште поважно е што вооружените системи не можат да пукаат во движење поради вибрации.

Вооружен со 40-милиметарски топ и лесни митралези, овој тенк е наменет за блиска поддршка на пешадиските и извидничките единици. Фактот дека не може да пука во движење, го прави бескорисен во тие улоги.

И покрај тоа, британската влада веќе потроши 3,2 милијарди фунти за возила, од вкупно планираните 5,5 милијарди, наведува Times по разгледувањето на документите на Министерството за одбрана.

Парламентарните тела што го следат трошењето на владата се многу незадоволни, а извори на Times велат дека и по толку многу пари потрошени, сè уште не е доставено ниту едно возило.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote