Марвел започна со подготовките за снимањето на продолжението на Black Panther, а снимањето ќе започне во Јули следната година, според информациите. Филмот првенствено требаше да започне со продукција во Март следната година, но беше одложен поради трагичната смрт на ѕвездата Chadwick Boseman.
Според The Hollywood Reporter, Ryan Coogler и Марвел одлучиле да започнат со подготовките за снимање на филмот, и неколку извори веќе изјавија дека снимањето ќе започне во летото 2021. Снимањето ќе трае 6 месеци и ќе се одвива во Атланта. Сеуште не се знае како франшизата ќе продолжи со приказната без Boseman, но едно е сигурно, Марвел нема да ја искористи дигиталната монтажа за враќање на актерот во филмот.
Коментари
Loading…