По успешната прва сезона на анимето на Netflix, фановите побараа уште неколку сезони од Blood of Zeus. Стриминг компанијата ги послуша желбите на своите корисници и сега го обновува популарното аниме на уште 2 сезони. Blood of Zeus е оригинал на Netflix кој е креиран од Charley и Vlas Parlapanides и снимен од студиото Powerhouse Animation Studios.
За само една недела од објавувањето на првата сезона шоуто се најде на топ 10 листите на многу држави ширум светот. На пример, Blood of Zeus се најде на третата позиција на најгледани содржини од Netflix во САД. И покрај големиот успех, единствената држава во која анимето е број еден е Нигерија.