in

УбавоУбаво СмешноСмешно

Најбрзите модели на BMW ќе се грижат за безбедноста на MOTO GP! [ФОТО]

Новата сезона на шампионатот во MOTO GP започнува на 28 март со трка во Катар. Од 1999 година, официјалните „безбедносни“ возила во ова натпреварување се од одделот BMW, а оваа сезона флотата е најмоќна досега. Исто така првиот во кој BMW M претставува три нови „безбедносни“ возила и првиот М мотоцикл.

Дебито во Катар ќе го имаат BMW M3, M4 и најбрзата „петка“ на сите времиња – M5 CS. Да потсетиме, овој М5 е придвижуван од 4,4-литарски V8 твин-турбо мотор со 635 КС, додека М4 и М3 во натпреварувачките изданија имаат редовна твин-турбо „шест“, со зафатнина од три литри и 510 КС.

Покрај автомобилот, ќе има и нов BMW M 1000 RR – првиот М мотоцикл од Motorrad.

Сите модели се базираат на сериски верзии и обезбедуваат исклучителни перформанси, што ги прави идеални за Moto GP.

Промените во спортските „безбедносни“ автомобили не се ни големи во споредба со стандардните модели.

Тие вклучуваат ротирачки светла, предни трепкачи, посебен систем за брзо отворање на хаубата.

M4 верзијата нема задни седишта, а инсталирани се кафез и тркачки ремени, додека издувниот систем е малку изменет.

M4 Competiton е во жолта боја во Сао Паоло, M3 Competitoin во сива боја Frozen Dark Metallic, додека M5 CS е во зелена Frozen Deep Metallic сенка.

За првата трка во Европа, што ќе се одржи на 18 април во Португалија, возниот парк ќе биде проширен со М8 Competition Coupe, како и М8 Competiton Gran Coupe, но и Х5 М кој ќе биде во улога на брза помош.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

2 поени
Upvote Downvote