in , ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

БОГАТА ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО НАЈСОЧЕН КРЕМАСТ ФИЛ: Никој на светот не може да и одолее! (РЕЦЕПТ, ВИДЕО)

Никој нема да може да одолее на чоколадна торта чиј кремаст фил се топи во вашата уста.

 

Ако ви треба одличен рецепт за раскошна торта со богат вкус што се прави брзо и лесно, тогаш мора да го пробате овој. Чоколадните кори и кремастиот фил го прават неодолив, а оревите и лешниците само го подобруваат вкусот.

Можете да го подготвите како роденденска торта, но и како десерт за слава.

Состојки за бисквит:

170 гр лешници
10 гр прашок за пециво
30 гр ѓевреци
150 гр шеќер
6 јајца
40 гр какао

За фил:

600 мл слатка павлака
70 гр чоколадо
100 гр шеќер
10 г ванилин шеќер

За декорација:

70 гр чоколадо
70 гр ореви

Подготовка:

За бисквитот:

Изматете ги жолчките со шеќерот, па додајте ги мелените лешници, какаото, прашокот за пециво и ѓевреците.
Добро измешајте со шпатула.
Белките изматете ги со прстофат шеќер и додајте ги во првата смеса, па соединете.
Истурете ја смесата во калап со дијаметар од 20 см обложен со хартија за печење.
Печете на 180 ° C околу 30 минути.
Поделете ја кората на 2 дела.

За фил:

Изматете ја слатката павлака со шеќерот и ванилиниот шеќер.
Додадете сечкана чоколада и промешајте.
Прелијте со една кора.
Ставете во фрижидер половина час.
Потоа издробете ја втората кора и измешајте со мелените ореви и сечканото чоколадо.
Прелијте со филот.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote