Пристигајќи повеќе од една декада од оргиналниот негов филм, возбудата која го опкружуваше Borat 2 беше огромна за неговите фанови, па дури и оние кој не го ни гледале првиот филм.
Возбудата се чувствуваше на социјалните мрежи, откако Cohen објави неколку приказни поврзани со филмот, пред неговото официјално излегување. Една од тие приказни е како тој се облекува како претседателот Трамп.
Филмот започна со стримање на 23ти Октомври на платформата Amazon и отогаш успеа да привлече десетици нови милиони гледачи ширум светот за време на неговата премиера. Во компарација, аналитичарите за филмови од Samba TV пресметаа дека Borat 2 се гледал во дури 1.6 милиони домаќинства само во САД за време на премиерата.
Коментари
Loading…