Борис Џонсон оди во самоизолација откако имал контакт со заразан од КОВИД-19. Премиерот вели дека бил информиран од Министерството за Здравство за позитивниот тест на неговиот контакт и мора да оди во замоизолација. Џонсон се обрати на социјалните мрежи и им даде до знаење на своите соѓраѓани дека е во добра состојба.

На Твитер тој напиша: „Немам симптоми, но морам да ги почитувам протоколите и правилата. Ќе работам од дома и ќе продолжам да ја водам борбата на владата против пандемијата.“ Џонсон имал состанок со заразената личност и тој состанок траел 35 минути. Британија забележува огромен пораст на новозаболени во нивната држава и го следи трендот на пораст низ целиот свет.
Коментари
Loading…