in ,

СлаткоСлатко

Босански средношколец на матурска прослава како Спајдермен

Додека девојчињата со месеци размислуваат за тоа како ќе изгледаат за време на оваа важна вечер, а момчињата за првпат облекуваат поформална облека, еден матурант од Средното техничко уличиште во Бања Лука, БиХ се облече како суперхеројот Спајдермен.

Заедничката фотографија на матурантите од ова училиште предизвика бројни шеговити коментари на социјалните медиуми, особено на Твитер.

„Ние сме небески народ“, „Ова може да се случи само во Бања Лука“, „Очигледно, дечкото се зеза“ се дел од коментарите.

Многумина се сомневаат дека ова момче го положи „испитот на зрелоста“, но едно е сигурно – тој успеа да го насмее целиот регион со својата матурска модна комбинација.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote