in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Направете Баунти чоколатца од 4 состојки за само 10 минути

Познатиот добар вкус во кој ќе уживаат сите љубители на комбинацијата од кокос и чоколадо

Потребни состојки:

  • 200 мл кондензирано млеко (или слатка павлака)

  • 150 грама кокос

  • 400 грама шеќер во прав

  • 400 грама чоколадо (млечно или со поголем процент на какао)

Начин на подготовка:

Во сад сипете го млекото и додајте ги трошките кокос. Додадете го и шеќерот и сето тоа заедно добро измешајте го додека не добиете густа кремаста маса. Сипете ја смесата во калапи или во правоаголен сад и ставете ја во ладилник сосема да се излади. Штом смесата се стврдне, извадете ја од калапот или исечете ја на правоаголници. Едно по едно парче потопувајте ги во стопеното чоколадо и потоа повторно ставете ги сите парчиња во ладилникот додека чоколадата сосема не се стврдне.

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote