in ,

Што?Што?

Бред Пит призна “Сè уште ја сакам таа жена!“ – не е ни Џенифер, ни Анџелина!

Актерот Бред Пит уште од младоста важеше за еден од најпосакуваните и најубавите мажи и речиси целиот свет ги знае сите негови девојки со кој тој се забавувал, особено затоа што се работи за холивудските познати личности од А-листата. Гвинет Палтроу, неговите поранешни сопруги Џенифер Анистон и Анџелина Џоли се само дел од неговите поранешни љубови… Сепак, интересно е што „една од најдобрите врски“ што некогаш ја имал била со некоја сосема трета.

Станува збор за актерката Џулиет Луис, со која Бред беше пред повеќе од три децении. Двојката се запознал во 1990 година на сетот на заедничкиот филм „Too Young to Die“.

„Се запознавме на снимањето и почнавме да излегуваме кога заврши снимањето. Веќе ми се допаѓаше како актер и мора да почитуваш некој кој е во истото поле како тебе”, рекла таа тогаш.

Години подоцна, таа повторно зборуваше во медиумите за Бред. „Тој воопшто не е во мојот универзум. Го чувствувам како врска од средно училиште бидејќи сега е толку познат лик. Се надевам дека ќе си ја најде среќата затоа што навистина го сакав … Тој е многу лојален и добар човек“, рече таа.

Подоцна, во 2009 година, таа призна дека единствената причина зошто луѓето ја прашуваат нешто за него е затоа што тој има култен статус во Холивуд. „Луѓето ме прашуваат за него само затоа што е толку познат. Ништо не ме прашуваат за мојот поранешен сопруг, иако тоа секако е многу позначајна врска бидејќи бевме во брак“, рече таа.

Инаку, оваа 49-годишна жена по Бред излегувала со голем број мажи, но имала само еден брак. Од 1999 до 2003 година таа беше во брак со професионалниот скејтбордер Стив Бур.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote