in

БРЕЈКДЕНСОТ ПОСТАНУВА ОЛИМПИСКИ СПОРТ!

Натпреварите во Брејкденс не се ништо ново, а неодамна беше објавено дека овој акробатски танц, кој го поврзуваме со хип-хоп културата, ќе го најде своето место и на Олимписките игри. Меѓународниот олимписки комитет објави дека брејкденс ќе дебитира на Париските игри во 2024 година.

Потврда дојде од истата организација дека скејтбордот, спортското качување и сурфањето, исто така, ќе станат олимписки спортови, иако нешто порано, на Олимписките игри во Токио следната година.

На натпреварувањето во брејкденс ќе учествуваат 16 натпреварувачи и исто толку жени натпреварувачи. Танчерите ќе се натпреваруваат еден на еден. Се верува дека нивните дуели ќе привлечат нови гледачи на Олимписките игри, особено помладите.

Кога дебитираше брејкденс на Олимписките игри за млади 2018 година, трибините беа исполнети со околу 30 000 гледачи сите три дена од ова натпреварување. За нешто повеќе од шест месеци, ќе дознаеме дали ќе биде така и во Токио. Потсетуваме, Олимписките игри ќе се одржат во главниот град на Јапонија од 23 јули до 8 август.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote