in

Што?Што?

Бритни Спирс и Сем Асгари се разведуваат по 14 месеци брак

Бритни Спирс и Сем Асгари се разведуваат по само 14 месеци брак, а причината наводно е нејзиното неверство.

Прославената пејачка и 12 години помладиот тренер за фитнес и модел ја прекинаа својата врска по „нуклеарна расправија“ поради гласините дека Бритни имала вонбрачна врска.

Не е познато дали гласините се вистинити, но Сем Асгари наводно верувал во наводите за изневерување, а двајцата во последно време имале жестоки расправии.

„Прашање на време е кога Сем ќе поднесе барање за развод“, додал изворот.

Да потсетиме, пред неполни два месеци згодниот 29-годишник сподели серија фотографии на кои ја одбележа првата годишнина од бракот, означувајќи ја Бритни како „неговата поубава половина“. Тој сподели и видео од нивната венчавка, нарекувајќи ја „жената од неговите соништа“.

Бритни Спирс и Сем Асгари се запознале додека го снимале спотот за нејзината песна Slumber Party во 2016 година. Тој имал само 23 години кога почнал да излегува со Спирс, а таа имала 36 години. Тој беше со неа во најтешките моменти, но голем број нејзини фанови со години се убедени дека намерите на Сем не се искрени.

На почетокот на оваа година, се шпекулираше дека пејачката и нејзиниот сопруг наишле на груба точка во нивната врска и сакале да го прекинат бракот, поттикната од фактот дека Сем не носел бурма. Сепак, неговиот портпарол ги демантираше ваквите шпекулации, велејќи дека се е во ред во нивниот брак, пишува TMZ.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote