in

УбавоУбаво

Бришете ПРАШИНА само 3 пати месечно! ТРИК кој го откриваат вработени во музејот!

Тајната е во глицеринот кој се става во водата и ја брише прашината на вообичаен начин. Глицеринот е незаменлив и при одржување на подот, мебелот и сите дрвени површини во вашиот дом.

 

Тајната е во глицеринот

За да ја исчистите прашината беспрекорно и да не се собере повторно, доволно е да додадете неколку капки глицерин во водата. Во таа вода натопете крпа и на вообичаен начин избришете ја прашината која нема да биде видлива во наредните 10 дена. Глицеринот ќе ги освежи дрвените површини и ќе им даде сјај. Овој трик можете да го користите и кога чистите подови, без разлика дали имате паркет или ламинат.

Глицеринот е добар и за бришење кожен мебел, но во тој случај не го разредувајте со вода, туку едноставно капнете го глицеринот на крпа и избришете го мебелот што ќе блесне.

 

Корисен и за дамки

Можете исто така да користите глицерин за да ги отстраните дамките од облеката. Доволно е да капнете неколку капки на дамката, а потоа да ја исплакнете со вода во која сте додале малку сол. За да ги отстраните тврдоглавите дамки од чај, кафе или чоколадо, направете мешавина од глицерин и сол, нанесете на дамката и по 30 минути измијте на вообичаен начин и дамката ќе исчезне.

Верувале или не, глицеринот помага и при миење прозорци. Наместо скапи производи полни со хемикалии, направете домашна подготовка од глицерин и алкохол. Доволно е да измешате глицерин и медицински алкохол во сооднос 1:10, истурете го во шише со распрскувач и со оваа смеса избришете ги прозорците. Не само што ќе биде чист и сјаен, туку нечистотијата и прашината нема долго да се лепат на вашите чисти прозорци.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote