Еден среќен добитник во Велика Британија го освоил џекпотот од 39 милиони фунти на лотаријата „Еуромилионс“, пренесува „Скај њуз“.
Победничката комбинација се состои од броевите 16, 28, 32, 44 и 48, а таканаречените среќни sвезди 1 и 9.
Други 10 играчи освоија милион фунти во специјалното новогодишно извлекување, изјави претставникот на Националната лотарија, Енди Картер, пренесува Би-би-си.
– Колку прекрасен почеток на 2021 година за играчите на лотаријата „Еуромилионс“ во Велика Британија – рекол Картер.
На играчите им е сугерирано да ги проверат своите ливчиња преку интернет или преку апликацијата на Националната лотарија.
Коментари
Loading…