in

Велика Британија стана прва држава која ја одобри вакцината на Pfizer/BioNTech!

Велика Британија стана првата држава во светот која ја одобри вакцината на Pfizer/BioNTech за масовно вакцинирање на нивното население. Регулаторот на Британија потврди дека вакцината дава заштита од 95% против Ковид-19, а имунитетот против вирусот се создава само неколку дена по примањето на вакцината.

Властите на Кралството веќе нарачаа дози доволни да се вакцинираат 20 милиони луѓе со вакцината. Првите 800,000 дози ќе им бидат испорачани на Британците за само неколку денови и тие веднаш ќе започнат со вакцинирањето на населението.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote