Изгубениот веренички прстен кој 50 години бил сокриен во компири и бил вратен на Британката Пеги Максвен.
Мексвен има 86 години, а верува дека го изгубила прстенот во градината додека собирала компири. Еден сосед го пронашол прстенот со детектор, по три дена пребарување во градината.
„Ископав околу 90 дупки бидејќи имаше многу закопани конзерви. Пребарав површина од 5.000 квадратни метри. Технологијата е помош, но потребна е среќа. Прстенот беше како нов“, рекол соседот Доналд Мекпи, кој го нашол прстен.
This is incredible xx https://t.co/F5O93XM2kH
— Lorraine (@reallorraine) December 3, 2021