in

Британските власти започнаа истрага против Камерон поради лобирање!

Британските власти започнаа истрага за скандалот со лобирање во кој учествуваше поранешниот премиер Дејвид Камерон.

Властите соопштија дека побарале независна истрага за Гринсил Капитал, за која работел Камерон по напуштањето на Даунинг стрит.

Мекблејн, портпарол на британскиот премиер Борис Џонсон, рече дека истрагата ќе ја води адвокатот Најџел Бордман, кој ќе ги испита добиените договори и како деловните претставници соработуваат со администрацијата.

АП пренесува дека Камерон лобирал во владини претставници, вклучувајќи ги министерот за финансии Риши Сунак и министерот за здравство Мет Хенкок во име на Гринисл, кој банкротираше минатиот месец, загрозувајќи илјадници работни места во фабриката за челик финансирана од компанијата

Поранешниот британски премиер Гордон Браун повика на петгодишна забрана на министрите за лобирање.

Сепак, британскиот пратеник Бернард Џенкин, кој ја водеше истрагата за врските помеѓу владата и компаниите, смета дека единствениот начин за борба против овој проблем е сегашните министри и државните службеници да пријават за несоодветно однесување од страна на лобистите.

Британските медиуми започнаа да известуваат за работата на Камерон во „Гринисл“ откако, поради колапсот на компанијата, сопственикот на фабриката за челик „Либерти стил“, во кој работат 5000 работници, побара помош од властите. „Гринсил“ беше еден од клучните финансиери на фабриката за челик.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote