in ,

WTFWTF

Бритни Спирс обвинета за напад врз вработена

Бритни Спирс е осомничена за физички напад врз вработена во својот дом. Поп-ѕвездата е под истрага од полицијата во Округот Вентура. Првиот коментар на обвинетата страна е дека инцидентот е „надуван“.

„Во понеделникот, околу 10:25 часот, имаше спор меѓу г-ѓа Спирс и еден од нејзини вработени, во домот на г-ѓа Спирс. Член на персоналот пријави дека за време на спорот, г-ѓа Спирс ја удрила (вработената). При настанот нема повредени. Полицијата реагираше во домот на г-ѓа Спирс и спроведе истрага. На крајот, извештаите ќе бидат проследени до Канцеларијата на окружниот обвинител во Округот Вентура за да се разгледаат. Инцидентот е класифициран како едноставен прекршок“, соопштија властите.

Таа, инаку сѐ уште се бори и за судско ослободување од посебниот надзор на татко ѝ, со рочиште закажано за крајот на идниот месец.

Извор близок до Спирс ја оцени состојбата како медиумска „напумпана таблоидна приказна“. Според ова, немало физичка пресметка и неименуваниот пријател повтори дека никој не е повреден.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote