in

КОРОНАТА ЈА ПРЕКРИ ПЛАНЕТАТА: Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 62 милиони.

Бројот на лица заразени со вирусот корона во светот надмина 62 милиони, а последните милиони се заразени за помалку од два дена.

Според Worldometers, бројот на заразени со вирусот корона во светот од почетокот на пандемијата е 62.004.949, 1.449.308 луѓе починале како резултат на инфекцијата, додека 42.798.107 пациенти се опоравиле.

Во моментов има 17.757.534 активни случаи ширум светот.

Водечка земја според бројот на заразени сè уште се Соединетите држави со 13.454.346 случаи, пред Индија со 9.351.224 и Бразил, каде што од почетокот на пандемијата се разболеле 6.238.350 лица.

Европска земја со најголем број на заразени е Русија со потврдени 2.215.533 случаи на коронавирус, по што следува Франција, каде од почетокот на пандемијата се заразени 2.196.119 лица.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote