in ,

Брутален црвен картон, а потоа голеада на ПСЖ

Фудбалерите на ПСЖ убедливо го победија Ним на гостувањето во мечот од седмото коло на францускиот шампионат со 4:0, а работата им беше олеснета затоа што имаа повеќе играчи скоро на целиот натпревар.

Kylian Mbappe

Во 12. минута Ним остана без Лоик Ландре, кој непотребно започна исклучително остар отворен старт на еден од играчите на „светците“, а во истиот момент судијата му покажа директен црвен картон.

Гостите конечно ја крунисаа апсолутната надмоќ во 32. минута кога погоди Килијан Мбапе, истиот играч уште еднаш ја погоди мрежата на противникот во 83. минута, а останатите головите ги постигнаа Алесандро Флоренци во 77.минута и Пабло Сарабија во 88.минута.

ПСЖ го забележа петтиот последователен триумф и со 15 поени е на првото место со Рен, кој во петокот одигра 1:1 на гостувањето кај Дижон, додека Ним е 13-ти со осум бода.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote