in

Брз, сочен и многу вкусен колач со гриз и јаболка

Брз, вкусен и сочен колач со гриз и јаболка. Лесно се прави, има неодолив вкус, а сите ќе сакаат парче плус.

Потребни состојки:

  • 3 јајца,
  • 1 чаша шеќер,
  • 2 чаши ореви,
  • 1 чаша гриз,
  • 1 прашок за печиво,
  • 1/2 чаша зејтин,
  • 3-4 рендани јаболки,
  • 1/2 чаша млеко,
  • 100 гр чоколада (по избор).

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете го зејтинот и млекото, изренданите јаболките, гризот со прашокот за печиво, оревите и (растопената чоколада).

Смесата префрлете ја во подмачкан и набрашнет плех и печете го колачот во предходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Печениот колач по желба можете да го наросите со шеќер во прав, мелени ореви или да ставите глазура од чоколадо.

На здравје и добар апетит! 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote