in

БРЗА ГИБАНИЦА: Најмека гибаница со богат фил и крцкава кора

Нема ништо поубаво од топла и вкусна гибаница! Оваа гибаница е лесна за правење, затоа рецептот е идеален за почетници во кујна.

 

Потрени состојки:

  • 500 гр кори
  • 500 гр сирење
  • 1 дл млеко
  • 80 мл зејтин
  • 3 јајца
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 2 dcl кисела вода
  • 2 лажици зејтин

За преливот:

  • 1 јајце
  • 50 мл млеко
  • 2 лажици зејтин
  • сусам

Начин на подготовка:

Изгмечете го сирењето во сад, додадете јајца, сол по вкус (според тоа колку е солено сирењето). Додадете прашок за пециво, рамномерно измешајте. Додадете млеко, зејтин и промешајте. Во чаша подгответе вода со 2 лажици зејтин.

Ставете една кора на дното на подмачканиот плех така што рабовите да бидат преку рабовите на плехот. Наросувајте со вода и зејтин, а потоа ставете друга кора, попречно, повторно, така што рабовите да излегуваат над плехот. Зачувајте две кори за покривање.

Натопете една кора истовремено во фил, а потоа ставете ја стутканата во плех, една до друга. Не ги притискајте премногу силно, треба да остане воздух помеѓу нив. Кога ќе направите еден ред, наредете го следниот преку нив. Кога ќе ги потрошите сите кори и фил, користете ги преостанатите две за да ја покриете гибаница од горе.

За преливот изматете го јајцето, малку млеко и зејтин, па прелијте ги над гибаницаѕа и печете околу 25 минути на температура од 200 степени.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote