Состојки:
500 гр кори за пита
3 јајца
300 гр сирење
10 лажици зовриена вода
15 лажици масло
1 кесичка прашок за пециво
малку сол
и уште 500 мл млака вода
Подготовка:
1.
Филот подгответе го од јајца, зовриена вода, масло, сирење, прашок за пециво и сол.
Наполнете две кори со филот, извиткајте во ролат, а потоа во полжав.
Подготвените банички ставете ги да отстојат половина час во тавата во која се наоѓаат
Истурете половина литар млака вода.
Пред печењето премачкајте ја питата со преостанатиот фил и печете на 220 С додека не добиваатјат златножолта боја.
Послужете ги баничките топли.
2.
Совет:
Бидејќи се плашев да го ставам целото количество вода во плехот, ставив само колку да го покриеме садот со вода.
За време на печењето водата испаруваше, плехот беше поголем, а околу баничките имаше празен простор, па баничките беа меки и убаво испечени.
Тие беа уште меки и вториот ден.