Брзите тестови за коронавирус кој даваат резултати за само 20 минути погрешиле пола од резултатите за време на пробата на тестовите во Манчестер, според најновите информации. Научниците открија дека брзите тестови, кој се клучни во операцијата на Борис Џонсон да го тестира поголемиот број од населението, имаат точност од само 46.7%.
Тимот на научници кој ја спроведуваше пробата во Манчестер, изрази загриженост околу точноста на тестовите на OptiGene Direct RT-LAMP. „Од моменталните податоци со кој располагаме, тестовите покажуваат ниска точност од 46.7%. Овие информации се добиени во пробата што се одржа во Манчестер.“ изјави еден од членовите на тимот за медиумите.
Коментари
Loading…