in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Како брзо и лесно да ги исчистите дамките од кафе на тепихот?

Кафето истурено на тепих можеби изгледа како кошмар, но постои лесен начин да ја отстраните дамката, без разлика дали станува збор за свежо истурено кафе или стара дамка.

Иако чистењето може да потрае некое време или да бара брза реакција, дамките од кафе може да се исчистат. Но, колку подолго чекате, толку повеќе кафе ќе потоне во влакната на тепихот.

Сепак, постојат неколку начини како да ги отстраните дамките од кафе, а наједноставен и најбрз е со помош на состојка која сите ја имаме дома – алкохолниот оцет.

Ако ви истури кафе пред неколку минути, покријте го местото со оцет, а потоа почнете да го триете со четка натопена во вода. Дамката треба да исчезне многу брзо. Бидејќи оцетот има интензивен мирис, измијте го тој дел од тепихот со топла вода и проветрете ја просторијата.

Овој начин на чистење е најдобро решение доколку се работи за тепих од светли бои, бидејќи нема да го оштети никако.

А што е со старите дамки?

Отстранувањето на дамките од свежо кафе од теписите обично е многу полесно од старите. На старите ќе им треба само уште малку време и труд.

За да ја „омекнете“ дамката, додадете кујнска сол и оставете ја да отстои неколку часа. Помага во исто време да се извлече влагата од теписите и силните пигменти од кафе. Потоа извадете со и измијте со топла вода.

Ако дамката е особено „упорна“, повторете ја постапката уште еднаш.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote