in

УбавоУбаво

Брзо и детално: Како да се исчисти маснотијата од шпоретот за неколку минути

Масните наслаги на шпоретот можат да бидат вистински кошмар. И не само на шпоретот, туку и на другите површини во кујната.

Ви претставуваме лесен начин за отстранување на маснотиите од кујнските површини, а тоа е особено ефективно на шпоретот.

Потребно е:

  • неколку капки медицински алкохол
  • памук
  • стара четка за заби

Подготовка:

Нанесете алкохол на памук, истријте ја извалканата површина и почекајте неколку минути. Потоа натопете ја четката за заби во алкохол и исто така избришете ги валканите делови. Потоа избришете ја површината со памучна крпа или сув сунѓер.

Забелешка: Бидете внимателни дека алкохолот не ја оштетува површината што планирате да ја исчистите. Пред чистење, проверете на помалку видливо место дали алкохолот остава траги и дали може да ја оштети површината (алкохолот не треба да се користи на површини со висок сјај или лакирани површини). Од безбедносни причини, не чистете со алкохол во близина на извор на топлина, особено избегнувајте чистење на кујната ако е вклучен шпорет на плин.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote