in

Што?Што?

Како брзо да ги покриете седите влакна и да го одложите времето на фарбање: Трик злато вреден

Кога на некој ќе му се појават седи влакна тоа зависи од многу фактори, а еден од нив е секако генетиката

Сосема е нормално да забележите повеќе побелени влакна во одредени години, косата да ви станува поретка и потенка. Многу жени потоа почнуваат да ја фарбаат косата, додека други, засега во малцинство, носат природна боја на коса или фарбаат сиво-бели прамени.

По 30-тата година, шансите за седа коса се зголемуваат за дури 20 проценти. Има и такви кои првото седење ќе го забележат во раната младост.

Ако сте една од оние жени на кои им седи коренот, но ви пречи и проретчената коса, овој генијален трик ќе ве спаси од главоболка.

Гел за веѓи во коренот на косата

Иако во дрогериите можете да најдете производи за „маскирање“ на седата коса, сивиот корен и доцнењето во фарбањето, фризерите препорачуваат трик со необичен производ, кој може да биде одлично и брзо решение – гел за веѓи.

Седата коса ќе исчезне, а косата ќе изгледа погуста, особено ако гелот го нанесете на коренот на косата.

Внимавајте бојата на гелот да одговара на остатокот од косата, па доколку имате сив корен на косата, користете гел во таа боја.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote