in , ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Брзо тирамису по рецепт на Гордон Ремзи

Кога имате ненајавени гости или пак за себе сакате да си направите вкусен десерт, Гордон Ремзи има феноменален трик за најбрзото тирамису.

Состојки:

– 170 милилитри слатка павлака;
– 225 грама маскарпоне сирење;
– 4 пишкоти;
– 225 милилитри кафе;
– 4 лажици Бренди или некое десертно вино;
– 35 грама шеќер во прав;
– Една лажица екстракт од ванила;
– Рендано чоколадо.

Подготовка:

Прво помешајте ја слатката павлака и шеќерот во прав. Посебно помешајте ги маскарпоне сирењето, виното и екстрактот од ванила. Потоа помешајте ја смесата со маскарпоне сирењето и слатката павлака.

Пишкотите потопете ги во кафето, ставете ги во чаши и прелијте ги со смесата. Над смесата изрендајте чоколадо.

Погледнете ја постапката во видеото од популарниот Гордон Ремзи:

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote