in

СлаткоСлатко

БУКВАЛНО ЈА ХРАНАТ КРВТА: Нема добра КРВНА СЛИКА без овие ТРИ ВИТАМИНИ, еве во кои намирници има најмногу од нив

Крвта е неопходна за телото бидејќи носи кислород и хранливи материи до органите во телото, па затоа е неопходно да се јаде на таков начин што ќе ги обезбедите сите хранливи материи кои се потребни за крвта.

Постојат пет суштински и многу важни функции на крвта.

– Пренесува кислород и хранливи материи до органите, витамини и минерали за поддршка на нивната работа.

– Го контролира крварењето, бидејќи содржи тромбоцити кои овозможуваат згрутчување на крвта, доколку дојде до крварење.

– Се бори против инфекции. Нашиот имунитет ја користи крвта за да ги пренесе имуните клетки и антителата до местото на инфекција. Подобрувањето на здравјето на крвта ќе ја подобри способноста на телото да се бори против инфекции и брзо да го исчисти телото.

– Го чисти телото. Крвта помага да се носат отпадни производи од нашите органи до бубрезите и црниот дроб. Крвта се филтрира во црниот дроб, што овозможува токсичниот отпад да се отстрани од телото што е можно поскоро.

– Ја регулира телесната температура, бидејќи ја апсорбира и дистрибуира топлината низ нашето тело.

За здрава крв се потребни неколку витамини, но клучни се железото, витаминот Б12 и фолната киселина.

Железо

Постојат два извора на железо, растителен и животински. Растителни извори на железо вклучуваат збогатени житарки, грав, леќа, тофу, спанаќ, сушено овошје, сок од сливи и ореви. Кога станува збор за храна од животинско потекло, ги вклучуваме пилешкото, црвеното месо и рибата.

Фолна киселина

Храната богата со фолна киселина вклучува темно зелен лиснат зеленчук, грав, грашок, јаткасти плодови, а овошјето вклучува јагоди, лимони, портокали, банани и дињи.

Витамин Б12

Недостатокот на овој витамин може да предизвика анемија. Најмногу го има во храната од животинско потекло, млекото, пилешкото, мисиркиното, рибата и повеќето млечни производи.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote