in

Што?Што?

Бурата не стивнува – Кралот Чарлс го избрка принцот Ендру од Бакингемската палата

Кралот Чарлс Трети му наредил на принцот Ендру, војводата од Јорк, да ја напушти Бакингемската палата, а неговите работи биле однесени за време на реновирањето на палатата, пренесува британскиот печат.

„Кралот јасно стави до знаење дека Бакингемската палата повеќе не е место за принцот Ендру. Најпрво неговата канцеларија беше затворена минатата година, а потоа и просториите за спиење“, изјавил неименуван извор за британски „Сан“.

Ендру ги сакаше своите одаи во Бакингемската палата каде што живееше брачен живот со Сара Фергусон, со која се ожени во 1986 година, а тие беа и негово љубовно гнездо по нивниот развод во 1996 година, според весникот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote