Поранешниот светски шампион на најпрестижниот моторспорт во светот, Британецот Џенсон Батон, се враќа во Формула 1 во тимот кадешто ја доби првата шанса.
Батон беше назначен како советник во екипата на Вилијамс и потпиша повеќегодишен договор. Батон влезе во Ф1 со Вилијамс во 2000 година, а во својата кариера оствари 15 победи и освои една титула со Браун ГП.
Својата богата кариера, Британецот ја заврши во 2017, но остана вклучен во моторспортот.
Коментари
Loading…