in

Титовиот Кадилак, сè уште во одлична состојба, се изнајмува на туристи за повеќе од илјада евра!

Официјалната летна резиденција на Јосип Броз Тито беше на островите Бријуни во Истра три децении. Една од атракциите на Бријуни е темнозелениот „Кадилак“, кој му го дадоа на Тито од југословенските емигранти од Канада во 1953 година.

Кабриолетот на Тито е долг 560 сантиметри, широк 200 сантиметри, има мотор од 5.000 кубни сантиметри, 260 коњски сили и осум цилиндри и е во одлична состојба.

До 1979 година, доживотниот претседател на Југославија возеше бројни државници во Бријуни, како египетскиот претседател Абдел Насер, индиската премиерка Индира Ганди, но и актерските sвезди Софија Лорен, Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.

Во сегашниот национален парк Бријуни, Титовиот „Кадилак“ може да се изнајми за да се вози низ островот.

Еден час изнајмување на олдтајмерот на Броз чини 10.000 куни (1.350) евра.

Последната позната личност од светскиот џет-сет која изнајми ретка кола е американската актерка Салма Хајек, која сними филм во Хрватска пред две години..

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote