in

Готово е, Чалханоглу нов играч на Интер!

Турскиот репрезентативец, Хакан Чалханоглу ќе се приклучи на екипата на Интер, откако помина 4 години во Милан.

Неговиот сегашен договор со Милан истекува следната недела и Чалханоглу ќе потпише нов договор со Интер до 2024 година, пишува популарниот италијански новинар Фабрицио Романо. Хакан го одбил договорот на Милан со кој би добивал 4 милиони годишно по сезона и прифатил да потпише за Интер за 5 милиони по сезона плус бонуси.

Прегледите се очекува да бидат завршени наскоро и Чалханоглу ќе биде претставен како новото појачување на Неразурите. Турчинот имал понуди од неколку различни клубови, но се одлучил да остане во Серија А.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote