in

Карлос Саинц победник во првата етапа во Дакар!

Стартуваше 43-тото издание на релито Дакар, кое годинава се вози на Арапскиот полуостров. Шпанецот Карлос Саинц е победник во конкуренција на автомобили, на првата етапа штоп се возеше од Џеда до Биша во должина од 623 километри.  

Саинц оваа делница со своето Мини ја мина во време од 3:05:56 часа, што беше за само 25 секунди подобро легендарниот Стефан Петерхансел кој е најтрофејниот возач во историјата на ова рели.  

Третото место му припадна на Чехот, Мартин Прокоп на Форд.  Во конкуренција на мотоциклисти триумфираше Тоби Прајс на КТМ, пред Кевин Бенавидес на Хонда и Матиас Волкнер исто така на КТМ. Денешната втората етапа е со должина од 685 километри, а до крајот на релито учесниците поделени во неколку категории ќе минат вкупно 8.000 километри. 

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote