Клупската легенда повторно е на „Сантјаго Бернабеу“, но сега во поинаква улога..
Неодамна се откажа од трката за претседател на Шпанската фудбалска федерација, но затоа јавно изрази желба да се врати во клубот со кој имаше големи успеси.
Реал во официјалното соопштение напиша „дека е горд што еден од најголемите капитени се врати дома“, а потоа ги наброја сите трофеи што Касиљас ги освои во кариерата.
Тој подигна дури 19 трофеи за 25 години во Мадрид: три титули во Лигата на шампионите, три светски клупски куп, два европски Суперкупа, два Купа на кралот, пет трофеи во Примера, четири Суперкупа на Шпанија, додека со Порто беше двократен шампион и освои еден Куп и Супер куп.