in

Цените на земјоделските култури скокнаа низ целиот свет!

Цените на земјоделските култури ширум светот значително се зголемија во последните месеци и тие чинат во просек за една третина повеќе од минатата година, покажуваат податоците на Организацијата на ООН за земјоделство и храна (ФАО).

Најголем раст е забележан кај шеќерот, кој пораснал за цели 60 проценти, проследен со житарките со скок на цената од 26 проценти.

Што се однесува до пченката, цената скокна за 60 проценти над просечната цена од 2020 година.

Причините за драстичниот скок на цените се, покрај лошата жетва, повисоките цени на суровата нафта и трошоците за транспорт, изјави експертот за земјоделство Франц Синабел.

Тој посочува дека скокот на цените на суровините ќе се почувствува при секојдневните набавки, бидејќи производителите ќе ги зголемуваат цените поради скапите суровини.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote