in

ОВА СЕ ЦЕНИТЕ за вакцините против КОВИД-19

Државната секретарка за финансии во Белгија, Ева де Блекер ги објави цените на вакцините против ковид-19, јавија локалните медиуми. Податоците биле објавени на Твитер за време на дискусијата за федералниот буџет што траеше 30 часа.

Де Блекер потоа ја избриша пораката со доверливи информации.

Според објавените податоци, една доза од вакцината на „Астра Зенека” чини 1,78 евра, на „Џонсон и Џонсон” – 8,50 долари, на „Санофи” – 7,56 евра, на „Фајзер” – 12 евра, на „КјурВак” – 10 евра, а на „Модерна” – 18 долари.

Овие податоци се дел од прелиминарните договори за снабдување потпишани од Европската Комисија (ЕК) кои им овозможуваат на земјите од Европската Унија (ЕУ) да добијат вакцини во одредени количини по фиксна цена.

ЕК одби официјално да ги објави цените, со објаснување дека тоа е деловна тајна, но ги достави сите податоци на државите.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote