in

ТаженТажен

Чешките пабови во голема криза, потрошувачката на пиво е рекордно ниска!

Пандемијата на коронавирус лошо се одрази на потрошувачката на пиво во Чешка.

Кај луѓето кои сакаат пиво, минатата година просечната потрошувачка на човек опадна за седум литри на 135 литри.

Тоа е најниско ниво од 60-тите години на минатиот век, тврди Здружението на пивари во Чешка.

Франтишек Самал, лидерот на Алијансата, рече дека никогаш не доживеал таква криза. До 500 пабови мораа трајно да се затворат, а оваа година ќе се затворат стотици други.

Баровите и рестораните беа затворени со месеци по пандемијата што ја погоди земјата во март минатата година. Забраната за консумирање алкохол во јавноста, како и откажувањето на спортски, културни и други настани, исто така, придонесоа за пад на потрошувачката.

Вкупното производство на пиво во земјата падна за 6,9 проценти, на 20,1 милиони хектолитри. Извозот на пиво се намали за 381.000 хектолитри на околу пет милиони хектолитри, што е прв пад по девет години раст.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote