in

Четворица загинати при упадот во Конгресот од страна на подржувачите на Трамп

Четири лица го изгубија животот во вчерашните нереди во Вашингтон, кои кулуминираа со упадот на демонстрантите во Конгресот. Една жена била застрелана од полицијата која го обезбедувала Капитол Хил, додека за останатите три лица, причината од Метрополитен полицијата е медицински компликации.

Уште по завршувањето на изборите на 2 ноември и обработката на резултатите неколку денови подоцна, Трамп тврди дека изборната победа му била украдена од демократите. Не го призна поразот и со недели се обидуваше да ја оспори победата на Бајден, најпрво со лажни обвинувања за изборна измама а потоа и се обиде преку судовите да ја поништи неговата победа.

Со недели зборуваше дека 6 јануари, денот кога Конгресот треба да ги потврди резултатите од изборите, ќе биде денот на конечната пресметка и постојано ги поттикнуваше своите подржувачи да го продолжат протестот. Истото го направи и на вчерашниот митинг кој се одржа во Вашингтон. Пред него ја подгреаа Руди Џулијани и неговиот син Доналд Трамп Џуниор. Џулијани со пораката дека изборните несогласувања треба да се разрешуваат преку борба а Џуниор со повикот да се борат за својот претседател.

На крајот Трамп порача дека никогаш нема да го признаат поразот и ги повика присутните да маршираат до Капитол Хил, на 3 километри од местото каде што се одржуваше митингот.

Кога демонстрантите пристигнаа таму ситуацијата излезе од контрола. Полицијата беше далеку помалкубројна и не можеше да им се спротистави додека се пробиваа кон зградата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote