in

WTFWTF СмешноСмешно НервозенНервозен Што?Што?

6000 денари еднократна помош без временско ограничување најави Владата!

Владата на Република Македонија информира дека околу 300.000 граѓани кои ќе добијат 6.000 денари, ќе можат да ги користат без временско ограничување, односно и после 25 декември 2020.

Оваа мерка беше донесена откако владата претходно најави дека ќе има финансиска помош за погодените од пандемијата.

Оваа мерка е од четвртиот пакет за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани. По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. За оваа мерка која ќе се реализира преку исплаќање на средствата на постоечката трансакциска сметка на граѓаните, испроектирани се вкупно 27,5 милиони евра.

Граѓаните ќе можат да проверат на веб страната https://kupuvamdomasno.gov.mk/mk/ дали ќе ја добијат финансиската поддршка.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote