in

УбавоУбаво Што?Што? СлаткоСлатко

Чај од лист од смоква: Успешно решава здравствени проблеми

Во ладни и студени денови и ноќи, почнуваме да размислуваме за можност да се загрееме со некој ароматичен билен пијалок.

Обезбедени со најразновидни растенија дома, како и со најмалку две тегли мед, слободно можеме да кажеме дека сме подготвени за ладната зима. Се разбира, богатството на растенијата во нашата географска ширина ни дава можност не само да се загреваме со помош на чаеви, туку и да лекуваме разни болести.

Смоквите се исклучително корисно и вкусно овошје, но малку луѓе знаат дека лисјата на смоквата имаат свои придобивки за организмот. Пијалакот од смоква се препорачува за луѓе со астма, и кои страдаат од дијабетес.

Лисјата од смоква се препорачуваат за луѓе кои имаат проблем со белите дробови, како и за оние кои страдаат од чир на желудник.

Покрај тоа според истражувањето, чајот од лисја од смоква го намалува шеќерот во крвта и го намалува нивото на лош холестерол . Лисјата може да се користат и однадвор – за лекување на чиреви.

Еве рецепт за чај од лист од смоква, кој може да се користи за проблеми со дијабетес, луѓе кои имаат бронхитис, како и астматичари.

За пијалок ви треба еден литар вода и 3 добро измиени лисја од смоква. Ставете ги лисјата во ладна вода и вклучете ја плочата за готвење – треба да се готви 15 минути, а потоа тргнете ја од оган. Исцедете го пијалокот и пијте два или три пати во текот на денот.

Особено популарен лек за чир на желудник е џвакање на лисјата, а според некои извори – лисјата се природен антиоксиданс, помагаат при слабеење. Што се однесува до третманот на чиреви, лисјата се ставаат однадвор, како облога.

Корисните својства на лисјата од смоква се користат и во запушените крвни садови – болест која е популарно позната како Биергер. Оние кои страдаат од висок крвен притисок исто така можат да пијат од овој чај.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote