in

Колачиња за 10 минути: Чајни чупави колачи што успеваат кај секој!

Вкусни, меки и сочни, се топат во устата и подготвени за миг.

Состојки:

  • 1/2 литар млеко
  • 5 лажици густин
  • 10 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 150 гр путер
  • 1 пакет (1 кг) кекс за чај
  • 200 гр кокосово брашно

За потопување:

  • млеко
  • малку рум

Подготовка:

Ставете го млекото да зоврие, а потоа измешајте го густинот, шеќерот и ванилиниот шеќер со малку млеко и варете како пудинг. Кога ќе се излади, додадете го изматениот путер. Потопете ги кексите во млеко со рум, ставете го филот со мала лажица и превртете го во кокос. Направете го сето ова додека не ги потрошите филот и кексите.
Тие се најубави кога ќе останат во фрижидер неколку часа или уште подобро преку ноќ.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote