in

Бележниците на Дарвин исчезнаа од библиотеката во Кембриџ, украдено и „дрвото на животот“!

Универзитетот во Кембриџ денес упати апел да се пронајдат две тетратки на Чарлс Дарвин за кои се верува дека биле украдени од универзитетската библиотека, од кои едната ја содржи неговата скица на „дрвото на животот“, симбол на неговата теорија за еволуција.

„По обемното пребарување, најголемото во историјата на библиотеката, конзерваторите заклучија дека тетратките чие исчезнување за прв пат беше објавено во јануари 2001 година, најверојатно биле украдени“, се вели на веб-страницата на универзитетот

Полицијата е известена, а тетратките, за кои се проценува дека вредат неколку милиони фунти, се ставени во базата на податоци на Интерпол за украдени уметнички дела.

„Длабоко жалам што овие тетратки не се пронајдени и покрај бројните пребарувања во последните 20 години, вклучително и најголемото пребарување во историјата на оваа библиотека на почетокот на оваа година“, рече Џесика Гарднер, директор на библиотекарската служба.

Овој апел беше упатен на „Денот на еволуцијата“, кој ја одбележува годишнината од објавувањето на „Потеклото на видовите“, големо научно дело на англискиот натуралист, на 24 ноември 1859 година.

Универзитетот објасни дека во септември 2000 година, две тетратки биле извадени од просторијата каде што се чуваат највредните дела од библиотеката за да се фотографираат.

За време на рутинска проверка во јануари 2001 година, беше утврдено дека кутијата со тетратките не е на своето место.

Со текот на годините, библиотекарите верувале дека тетратките биле ставени на погрешно место во библиотека со околу 10 милиони книги, мапи, ракописи и други предмети.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote