in

Чарлс Леклерк стартува од пол позиција во Азербејџан!

По долго време ќе гледаме болид на Ферари како тргнува од пол позиција во трката во Баку.

Моначанецот Чарлс Леклерк успеа да ја освои пол позицијата втора трка по ред и ќе старува прв во денешната трка која се одржува во Азербејџан. На втората позиција се најде седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон.

Веднаш зад Британецот ќе стартува неговиот најголем ривал за титрулата оваа година, Макс Верстапен. Одличниот Пјер Гасли е четврти, а на петтата позиција вториот болид на Ферари со кој управува Карлос Саинц.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote