in

Челзи постигна 4 погодоци во мрежата на Шефилд!

Челзи успеа да го победи Шефилд Јунајтед дома на Стемфорд Бриџ после раното водство на гостите. Сините од Лондон успеаа да постигнат дури 4 погодоци во мрежата на Шефилд и го оставија нивниот гостин на самото дно на табелата на Премиер Лигата. Дејвид МекГолдрик постигна погодок за водство на Остриците во деветата минута и после тој гол се тргна наопаку.

Абрахам веднаш возврати со волеј и го израмни резултатот, додека Бен Чилвел го однесе Челзи во водство уште во првото полувреме по одличната асистенција на Хаким Зијеш. Зијеш забележа уште една асистенција, но овој пат стрелец на голот беше Тиаго Силва. Последниот погодок на натпреварот го постигна Тимо Вернер. Челзи е моментално на третата позиција во Премиер Лигата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote