Во дербито на 26 коло во англиската Премиер Лига се сретнаа лутите ривали Челзи и Манчестер Јунајтед. На стадионот „Стемфорд Бриџ“ и двете екипи успеаа да ја зачуваат нивната мрежа недопрена. Со ова реми и двете екипи останаа на нивните позиции, но Јунајтед сега заостанува 12 бода од лидерот на табелата.
И двете екипи имаа одлични шанси за да постигнат погодок. Прв се закани Рашфорд од слободен удар, но одлично одбрани Менди. Зијеш во 49 минута можеби ја имаше најдобрата шанса на натпреварот но Де Геа со чудесна одбрана ја зачува неговата мрежа.
Коментари
Loading…